Жозе Мурињо не е убеден дека 0-0 е правилниот резултат за мечот со Наполи, после недосудениот пенал за тимот на Интер.
"Не сум сигурен дека ова е правилен резултат. Заврши 0-0, но незнам дали е тоа во ред. Наполи беше подобар од нас во првото полувреме, ние бевме подобри во второто. Беше доста интензивен меч, доста тежок за двете екипи и резултатот мора да биде прифатен. Му упатив комплименти на Росети за неговиот пристап и судење во текот на мечот, но ми рекоа дека имало пенал за нас во првото полувреме ист онаков како што беше досуден против нас на мечот со Бари. Ова се натпревари кои се решаваат со некои ситни детали. Што се однесува до титулата сеуште е рано да се зборува за тоа, се додека и математички не биде готово. Има уште доста мечеви до крајот и ако некој во август ми ја понудеше оваа предност која ја имаме сега ќе ја прифатев одма!"