После победата над Сиена во последните неколку минути, кога натпреварот веќе беше загубен за Интер, Мурињо видно возбуден изјави:"Психички нашиот тим беше доста слаб. Технички бевме изгубени и тактички имавме огромни проблеми бидејќи нешто неверојатно се случи на полувремето. Сакав да играм со Занети во средината дијамант формација, но Станкович нагази лошо при влезот на теренот и се повреди. Морав да го ставам Арнаутович, бидејќи немав никој друг на клупата. Сиена беа подобри од нас на теренот, повеќе се движеа и ни создаваа доста проблеми. Но ние не се откажавме, покажавме карактер и го добивме мечот во последните 5 минути. За момент помислив дека на мојата серија без пораз на домашен терен која трае веќе 8 години и дојде крајот. На крајот се одлучив да го играм Самуел како напаѓач. И како што му реков на мојот претседател, среќен тренер е подобро отколку добар тренер. "