Мурињо вика дека резултатот 1-1 против Парма бил најреален.. "Интер излезе на теренот да победи, да победи брзо. Исто така знаевме дека мечот со Парма дојде после Фиорентина и Каљари и знаевме дека нема да биде лесно. Направивме се што можевме да постигнеме гол во прво полувреме, но Миранте имаше неколку одлични одбрани. Не сум воопшто лут на моите играчи.. Напротив јас сум задоволен. Одиграа одличен меч. Примивме гол од прекин, но наша најголема закана беше Биабиани. Го извадов Кордоба, а го оставив Матераци бидејќи тој може да биде одлучувачки од прекините. Тој денес беше пример за помладите, остана на теренот и покрај болката која ја имаше. Задоволен сум од играта на напаѓачите бидејќи единствената опција кога сме без полушпиц ни е да играме со тројца напаѓачи. Исто така не се доведува во прашање квалитетот на Балотели. Мојот проблем со него беше што тој при еден корнер на минатите утакмици не сакаше да и помогне на одбраната. Вечерва Матераци трчаше 50 метра да и помогне на одбраната со повреда. Тоа значи многу кај мене."