Jose Mourinho - BETTING

MKD - 141551 - TAP MOURINHO - Price: 59 den.
FINLAND - 17163 - TXT MOURINHO - Price: 1 EUR
CZECH - 9001130 - TXT MOURINHO - Price: 30 CZK
POLAND - 74240 - TXT MOURINHO - Price: 4.88 PLN
RUSSIA - 4243 - FOR MOURINHO - Price: 70 RUB
SLOVENIA - 3838 - TXT MOUR - Price: 0.99 EUR
SLOVAKIA - 7771 - TXT MOURINHO - Price: 1 EUR
SWEDEN - 72401 - TXT MOUR - Price: 10 SEK
NORWAY - 2201 - TXT MOURINHO - Price: 10 NOK
DENMARK - 1999 - TXT MOURINHO - Price: 10 DKK
ESTONIA - 15330 - TXT MOURINHO - Price: 15 EEK
LATVIA - 1897 - TXT MOURINHO - Price: 0.77 LVL
GERMANY - 89000 - TXT MOURINHO - Price: 0.99 EUR
GREECE - 54344 - TXT MOURINHO - Price: 1.23 EUR

Инфо

Започнуваме нова сезона на типови кои ќе одат преку смс порталот. Сите типови се базирани на статистика, меѓусебни натпревари и повредени играчи. Сите ќе бидат со сигурност од преку 90 %.

We are starting a new season of bets, that will be available only through sms. All tips are based on head to head games, injured players, form, etc.

Friday, April 3, 2009

Мурињо гостин во ТВ шоу!


"Според докторот Маикон ќе може да го игра последниот меч оваа сезона за екипата на Интер, мечот на кој ќе ја славиме титулата. Не беше лесно да се дојде во Италија, но откако сум во Интер, јас сум поголем Интериста од било кој. Сакам да ги освојам трите најголеми првенства. Го направив тоа со Челзи, ќе се обидам да го направам тоа со Интер и на крајот следува Шпанија. За мене Фергусон е шеф на сите тренери во светот. Тој има 68 години и има освоено две Лига на Шампиони. Јас имам 45 и имам освоено една, но ќе видиме колку ќе бидат после 23 години. Има многу тренери кои го освоиле бидејќи еден клуб го освојува секоја година, но има само еден кој ја има освоено Лигата на Шампиони два пати, а загубил финале после водство од 3-0! Што се однесува до фудбалерите мислам дека Ибра ќе остане во Интер. Сантон е доста добар, неговото деби во купот на Италија беше историско! Дали беше грешка да се купи Кваресма? Ќе видиме. Во меѓувреме му овозможив да дебитира на Сантон, кој ќе биде со Италија во наредните 15 години. Дали Есиен ќе дојде? Тој е добар играч, но не знам дали Интер ќе може да го купи од Челзи. Дрогба? Тој ќе биде една година постар другата сезона. Што се однесува до Адриано, ќе разговарам со него во петок. Секој фудбалер треба да научи како да се однесува, да биде професионалец и да работи на изградба на својот имиџ. Зошто има некои кои мене не ме сакаат? Па нити Исус не бил сакан од сите! "

Wednesday, March 25, 2009

Мурињо ја доби титулата Доктор по фудбал!


Португалскиот стручњак завршил факултет во Лисабон пред дваесет години, но потикнат од неговиот придонес и постигнатите резултати во фудбалот факултетот реши да го награди со титулата „Доктор“
Mr. Special One сега е Dr. Special One!, гласат насловите во англиските медиуми откако Жозе Мурињо стана доктор по фудбал. Тренерот на Интер пред 20 години дипломираше на Техничкиот факултет во Лисабон, на смерот физичка едукација и спорт. Од тогаш најверојатно не се ни појавил на факултетот, но некој се досетил дека е згодно да биде награден нивниот веројатно најславен студент. Жозе со задоволство го прифатил почесниот докторат.
„Не сум баш сигурен дека заслужувам вакво признание...“, скромно говореше Мурињо пред своите колеги, дури и невообичаено скромно ако се земе во предвид однесување по кое е карактеристичен во светот на фудбалот. Тој веќе одамна е доктор по „фудбалски комуникации“...
„Изненаден сум со ова што се случува. Веројатно факултетот се гордее со сето што сум го постигнал во мојата кариера“, додаде доктор Жозе, кого пригодно го облекоа во дипломска наметка, му доделија докторско одликување и му ја врачија шминкерската диплома.
„Никогаш во кариерата не сум работел со цел да добијам вакво признание, но убаво е да го добиеш“, кажа Мурињо.

Tuesday, March 24, 2009

Мурињо: "Продолжуваме во исто темпо!"

" Многу сум задоволен од денешната победа. Секогаш сум велел дека подобро е да бидеш на првото место на табелата отколку на второ, бидејќи мислиш само на своите резултати, не размислуваш како одиграле противниците. Пред неколку недели реков дека ни требаат 29 бодови, сега тие се 20 бодови. Доста важно беше за нас да влезиме во оваа двонеделна пауза со предност од 7 бодови. Понекогаш мечот не започнува онака како што посакуваме, но денес почнавме доста добро и можевме да го затвориме мечот по само 30 минути. Реџина играа доста добро и ако го погледнеш резултатот ќе помислиш дека Цезар бил на одмор во текот на сите 90 минути, но не беше така, тој имаше неколку добри интервенции. Што се однесува до Златан, не сум баш сигурен дали неговиот напредок, односно поставувањето нов рекорд на постигнати голови во Серија А е резултат токму благодарение на мене. Мислам дека тренерот сегогаш ја има одговорноста, кога играчот игра добро и кога игра лошо. Јас не мислам дека тој треба да промени нешто за да биде ист во Лигата на Шампионите како што е во првенството. Знам дека тој има освоено доста во Италија и дека сеуште не успеал да освои во Европа. Но во Италија има 2-3 тима кои се борат за скудетото, додека во Европа има барем 10 екипи кои се навистина добри. Што се однесува до Јувентус тие немаат ништо повеќе од Интер. Тие само имаат 7 бодови помалку. Тоа е реално гледање на работите. Јуве игра како тим, Јуве губи како тим, но тие не се поголем тим од нас. Интер се тим во секој момент и токму поради тоа може да се бори во секоја ситуација. За пример, јас никогаш не сум видел тим како Интер, кој може да игра со 9 различни парови во одбраната. Интер игра добро бидејќи напорно работи, бидејќи сите играчи сакаат да одиграат добро, бидејќи нашата средина работи доста напорно. Очигледно ни недостига плејмејкер, број 10, но гледајќи од клупата морам да признаат дека тие работат доста напорно. Напаѓачите исто така вршат доста добра работа. Пред неколку месеци Балотели не и помагаше на одбраната. Денес тој го работеше токму тоа. Ние сме тим. Јуве заслужува пофалби за одличната работа која ја работат. Ние во овој момент имаме еден поен повеќе од минатата сезона. Но тоа и не е толку важно, важно е дека ни требаат уште 20 бодови. Да биде Интер поконкурентен во Лигата на Шампионите потребни ни се неколку засилувања. Ние имаме 2-3 млади играчи кои за 2-3 години ќе бидат одлични играчи. Исто така имаме група на играчи со огромна стабилност. И искрено јас сакам два правци: Едниот кој води до топ играчи и другиот кој води до подмладување на тимот. "

Sunday, March 22, 2009

Мурињо: "Парична казна? -Ајде да донираме во хуманитарни цели"


"Реџина заслужува респект. Тие се наоѓаат во многу лоша позиција и од сега па натаму секој меч и секој освоен бод за нив ќе значи опстанок!
Тие ќе бидат доста мотивирани утре на Џузепе Меаца, но јас верувам во мојот тим и одговорот кој истиот ќе го даде. Ние имаме предност на табелата. Ние не мора да чекаме и да видиме како изиграле останатите, нема од што да се плашиме, не зависиме од никого. Нас ни требаат уште 23 бодови за да ја освоиме титулата и ова е единственото нешто кое ме интересира мене. Во однос на тоа кој тим ќе игра, мојата единствена тајна за утре е начинот на кој ќе играме. За играчите има само неколку дилеми. Во одбраната ќе игра Камбиасо покрај Ривас, со Маикон и Сантон по бековските позиции.
Што се однесува до казната која ја платив не би ми пречело и да платам двојно повеќе ако знам дека тие пари ќе одат за децата од Африка, семејствата кои имаат проблеми или да се изградат фудбалски игралишта онаму каде нема."

Tuesday, March 17, 2009

Мурињо исклучен!!


За време на мечот Интер - Фиорентина тренерот на домаќините Жозе Мурињо заработи црвен картон во последните минути од мечот после бурната реакција кон главниот судија во моментите кога истиот одби да додели жолт картон на еден од фудбалерите на Фиорентина. После натпреварот прес одржа помошникот на Мурињо, Барези кој рече: " Жозе Мурињо не беше нервозен, но доста одлуки оваа вечер беа еднострани. Сите ние протестиравме после фаулот. Погрешно е да се каже дека Мурињо беше нервозен пред мечот, тоа е ваше мислење. Тој секогаш е доста концентриран пред секој меч, тој се спрема за мечот и ова не му е прв пат да го прави тоа. Тој е доста добар и шеговит, но не дозволува никој да си поигрува со него. Ние сме задоволни со тоа што Интер оваа вечер прикажа, со победата која беше од доста големо значење. Тимот заслужи да ги освои трите бодови, тие покажаа воља да го добијат овој меч. Имаше малку умор после мечот со Манчестер, но успеавме да бидеме компактни и добро организирани. "

Saturday, March 14, 2009

Мурињо: " За Историско Скудето "


После тренингот со својот тим пред натпреварот со Фиорентина, Жозе Мурињо имаше интервју со новинарите, на кое рече: "Фиорентина игра доста добро. Тие се во трка за место во Лигата на Шампионите бидејќи се доста добар тим, со добра огранизација и добар тренер. Мислам дека ова е одличен меч за нас. Јас ќе продолжам да тврдам дека сум задоволен од тимот и прикажаното на Олд Трафорд. Што се однесува до тоа што го пишуваат весниците, едноставно мора да разберите дека Мурињо со своите изјави продава доста весници. Нема да ги коментирам сите работи кои се напишани за да се зголеми нивната популарност. Како и да е, ние сега треба да го освоиме шампионатот. Мора да го освоиме ова историско скудето со кое Интер ќе се изедначи со Милан по бројот на освоените скудета. Исто така мислам и на иднината. Учам, пишувам, го спремам мојот извештај за клубот, тоа е нешто кое го започнав одамна. Потоа ќе го претставам пред Морати, Бранка и Ориали. Тоа ќе биде заеднички проект, проект на Интер. Тренерот може да изгуби се, само не професионалното достоинство. Јас нема да го изгубам моето. Два збора се доволни паметен човек да разбере. Јас ви кажав девет! На вас е редот.. "

Thursday, March 12, 2009

Мурињо после мечот со Манчестер


" Не сум лут. Лут и фрустриран си кога твојот тим не игра добро, кога не ги покажува своите квалитети или кога се плаши да игра. Ова е меч после кој никој нема да го критикува Интер, бидејќи тие беа фантастични вечерва, иако не е лесно да се игра на Олд Трафорд, а среќата дефинитивно не беше на нашата страна. После водството на Манчестер Јунајтед и реакцијата на Интер, погодената статива, можеше да се почуствува стравот на домашната публика. Но нивниот втор гол дојде веднаш на стартот од второто полувреме. Извонреден гол, но исто така и резултат на нашата неспремност во одбраната за нафрлени топки. Мојот тим покажа карактер, имаше доста шанси за да изедначи, како и оној шут на Адриано кој не влезе. Денес видов еден доста добар тим на Интер кој го нема освоено ова првенство и поради тоа сум доста тажен, тим кој нема да има шанса оваа година да го освои, тажен сум за фановите кои не гледаа дома покрај ТВ екраните и за оние кои дојдоа овде со нас. Но доста сум убеден дека скудетото ќе биде наше. Ние игравме против доста добар тим и оној психолошки страв кој постоеше кај Интер од овие големи натпревари веќе го нема. Цела Италија сега е среќна што Интер отпадна, јас целосно ке застанам во одбрана на овој тим, но денес едноставно немавме среќа. Победив на овој стадион со Порто, иако доста помалку труд вложивме тогаш. Манчестер беа подобри од нас, но ние заслуживме повеќе од 2-0! Не е можно да не го спомниш фактот дека шест играчи на Манчестер се високи 190 цм, а само еден играч кај Интер. Но ние продолжуваме понатаму со главите кренати високо горе."

Wednesday, March 11, 2009

Мурињо: "Само еден противник"


" Сакам на мојот тим да му го укажам задоволството да се игра овој меч, да се исфрли Европскиот Шампион, Манчестер Јунајтед. Знаеме деќа ке одиме на терен со извонредна атмосфера, знаеме дека ќе биде доста тежок меч, но ние нема да играме против атмосферата и против негативната традиција на Интер во овој дел од натпреварувањето. Не. Нашиот противник ќе биде единствено Манчестер Јунајтед, квалитетен тим кој можеме да го победиме со квалитетот кој го поседуваме.
Тие мислеа дека можат да извлечат подобар резултат на Џузепе Меаца, бидејќи 0-0 во гости и не е така добар резултат. Тоа е резултат кој остава доста опции отворени. Тоа е резултат кој мечот сеуште го остава доста избалансиран. Еднаш се квалификував со резултат 0-0 на домашен терен, наредниот пат бев исфрлен. Ќе биде меч во кој и најмалиот детаљ ќе одлучува. На Олд Трафорд прв пат дојдов во 2004 година и се беше ново за мене. Сега не е. Сега го знам секој детаљ, се чувствувам како дома. Ова ќе биде меч за оној кој може да го издржи притисокот, бидејќи ќе има доста притисок. Се надевам дека ќе биде интересен за гледачите. Што се однесува до тоа јас да го заменам Фергусон, можеби. Можеби за 20 години. Премногу ли се? Не, не е точно. Фергусон е силен, тој е среќен, тој го сака фудбалот, тој победува, се надевам дека ќе биде тука уште 20 години."

Sunday, March 8, 2009

Жозе Мурињо: "Горд на мојот тим "


Реакцијата на Интер после поразот во средата од Сампдорија беше овој викенд против екипата на Џенова, каде на гостувањето славеа со 0-2.
"Разликата помеѓу натпреварот во средата и овој денес е тоа што тој во средата беше одлучен од индивидуални грешки. Но фудбалот исто така е тимска игра и денес ние игравме со доста квалитетни играчи, кои знаеа што сакаат на ова гостување. Против Џенова видов доста трчање, желба и одлучност во тешките ситуации. Многу очекуваа кикс од наша страна, но ние едноставно ги разочаравме."
Мурињо беше принуден после само 30 минути да направи две измени откако двајцата централни дефанзивци се повредија.
"После излегувањето на Матераци и Бурдисо тимот мораше да игра со двојна доза на концентрација, бидејќи ми остана само една замена за следните 75 минути, иако Фиго и Ибрахимович требаше да одиграат помалку. Не беше лесно против Џенова која игра доста добро и која немаше пораз на домашен терен, но мојот тим покажа концентрација и желба, така да целосно ја заслижија победата. Ние сме спремни за натпреварот со Манчестер, иако имаме доста проблеми во одбраната против еден така добар тим, со доста добри фудбалери во нападот. Но нашиот тим секогаш го надминувал секој проблем со главата високо горе! "

Friday, March 6, 2009

Мурињо: "Лут? Не. Јас сум горд на себе!"


После натпреварот во средата против Сампдориа, Интер повторно се враќа на Stadio Luigi Ferraris во сабота кога ќе се соочи со тимот на Џенова, предводена од Gian Piero Gasperini.
"Утре е многу важен меч. Џенова игра добро и брзо. Тие играат добар фудбал без притисок, бидејќи нивниот единствен притисок е самата добра игра. Со нивната позиција на табелата тие можат да играат во Уефа купот, зошто да не и во Лигата на Шампионите. Кај Интер во одбраната ќе играат истите фудбалери кои играа против Сампдорија, со Никола Бурдисо и Давиде Сантон кои се тука повторно. Камбиасо и Станкович ќе се вратат во средниот ред, Жулио Цезар на голот. И да, Ибрахимович ке игра од првата минута."
Новинарите прашаа како се чувствува после поразот од Сампдорија, тој им одговори: "Не сум лут. Ако навистина сакате да најдете атрибут како да ја опишете мојата состојба тогаш јас сум горд! Но не сум лут. Горд на што? На себеси! После сезоната ќе заминам за Африка каде имам добротворна работа и секако во мојата родна Португалија."

Манчестер треба да се плаши од Златан Ибрахимович!


За мене тој е еден од најдобрите фудбалери на светот. Тој има доста добра сезона досега во Интер и мислам дека ќе го донесеме најдоброто од него на теренот. Јунајтед имаат доста добар дефанзивен рекорд досега, но тие не сретнале противнички напаѓач како Златан Ибрахимович.
Има доста добри фудбалери во светот. Погледнете како Меси игра за Барселона. И секако, Манчестер го има најдобриот играч за изминатата година, Кристијано Роналдо. Но кога луѓето ќе ме прашаат кој е најдобар, јас велам Ибрахимович.
За оние играчи кои се со мене јас викам дека се најдобри, тоа е начинот на кој јас работам. Кога бев во Порто секогаш викав дека Деко е најдобриот играч во светот. Кога бев во Челзи викав дека Тери е најдобриот дефанзивец, Лампард играч од средината и Дрогба напаѓач.
Секако јас го почитувам тоа што Роналдо го освои минатата година, но јас имам неверојатен играч, Златан Ибрахимович, за кого мора да се согласите дека е еден од најдобрите три напаѓачи во светот, а јас велам дека е најдобар бидејки игра за мене!
Мислам дека секоја сезона напредува. Оваа има постигнато 14 гола на 24 лигашки натпревари. Неговиот придонес во одбраната значително е подобрен. Најдоброто е што секој натпревар го игра во извонредна физичка и психичка кондиција - тој е неверојатен.
Тој е победник. Сака да освои се! Тој е доста лут кога работите не одат во правилна дирекција. Тој е играч со големи амбиции. Мислам дека еден ден неговиот миг ке дојде.
Да се освои Лигата на Шампионите со Интер ке биде прекрасна работа. Клубот ја нема освоено титулата од 1965 година, тоа е доста долго за еден така голем клуб со толку голема поддршка. Сега предизвикот е да се донесе трофејот во Милано. Но прво мора да ги елиминираме шампионите.

Рајан Гигс е најдобриот играч кој некогаш играл во Премиер Лигата!


Трењерот на Интер, Жозе Мурињо, имаше пофални зборови за Рајан Гигс, за кој верува дека е најдобриот играч кој некогаш заиграл во Премиер Лигата.
Откако заигра во Манчестер Јунајтед на 17 годишна возраст, Гигс освои 10 Премиер лигашки титули, две титули во Лигата на Шампионите и го држи рекордот на најмногу одиграни натпревари за Манчестер Јунајтед поминувајки го Боби Чарлтон.
Никој играч не допринесол толку многу за својот клуб како што тоа го направи Гигс за Манчестер Јунајтед. На 35 годишна возраст, тој има нова улога во средината на теренот, откако Фергусон увиде дека Гигс загуби дел од својата брзина и како што може да се види неговиот квалитет е се подобар.
Манчестер Јунајтед има млади играчи како Роналдо и Руни, но којзнае можеби Гигс ке биде оној кој ке одигра клучна улога во Премиер лигата и Лигата на Шампиони.

Интелектуална Манипулација

"Не сакам интелектуална проституција, сакам интелектуална искреност! Останатото зависи од вашата пресуда. Како и да е, ми се чини дека во изминатите два дена имаше голема интелектуална манипулација, добра работа да се промени јавното мислење, за мене тоа претставува фантастична операција за свет во кој јас не припаѓам! Ке биде мој свет откако јас ке завршам со трењерската работа. Манипулацијата беше толку успешна, што изминатите два дена не се зборуваше за ништо друго. Тие не зборуваа за Рома која има одлични играчи, играчи кои јас ги посакувам тука, кои ке ја завршат сезоната со 0 титули! Тие не зборуваа за Милан кој ке ја заврши сезоната исто така со 0 титули, кој во своите редови има играчи со победничка култура, кои имаат се за да освојуваат и победуваат. Исто така не зборуваа за Јувентус кој освои многу бодови на судиските грешки! Ако Раниери и Спалети се заедно, тогаш јас сум со Зенга, Дел Нери и Прандели бидејки сите тројца изгубија бодови на сметка на Јувентус, и јас сум со Марино и Новелино кои ке играат против Јувентус наредниот викенд! Ако јас бев на местото на Марино и Новелино, ке беше подобро воопшто да не играм, или да играм со вториот тим. Којзнае, можеби е подобро за Интер да не игра утре или наредниот викенд, бидејки оние кои зборуваа за Балотели го предвидоа и денот за наредниот скандал дека се наближува.. а тоа е интелектуална манипулација!! Тоа е игра која јас не сакам да ја играм. Ова е последен пат јас вака да зборувам на прес конференција. Но ке ве прашам следното: Не ве разбирам, тие велат јас сум добар во зборување! Ако јас ви зборувам вас, на новинарите, тоа е бидејки морам, бидејки има договор. Јас сум тука со вас бидејки ми велат дека морам да бидам, за разлика од Раниери и Спалети, кои секогаш гостуваат не вечерни емисии. Секогаш после утакмица кога ке појдам во соблекувалната, го уклучам ТВ, ги гледам нив двајцата како зборуваат. Спалети зборува пред мечот, на полувремето и после мечот. Тој зборува со една личност, потоа со друга, тој е пријател со сите. И после јас сум тој кој е добар во зборување? Јас сум добар бидејки тие ми велат дека морам да зборувам. Ако Интер ми рече да не зборувам во наредните два месеци, тоа за мене би било прекрасно. Некои ми понудуваа пари за интервју, но јас не сакам. Имам договор само со Интер, а Интер има договор со медиумите, затоа јас морам да зборувам. Јас не сакам да го манипулирам јавното мислење и никогаш не сум бил гостин на вечерни емисии. Но тие никогаш не зборуваа за Милан кој е 12 поени позади нас, тие не зборуваат за Рома со најдобриот среден ред во Италија кои ке ја завршат сезоната со 0 титули, тие не зборуваат за Јувентус, за пеналот со рака во мечот против Катанија, исто така во Палермо од страна на Марчисио, за офсајдот во последниот натпревар со Наполи, за пеналот на Фиорентина!! Тие не зборуваат за никого. За што зборуваат тие? За Марио Балотели, кој почна да трча со топката надвор од шеснаесетникот, влезе внатре и се најде во сендвич помегу двајца фудбалери. Тоа беше пенал. Ако не сакаат да признаат, тогаш треба тоа да го кажат со малку сомнеж! Добро, тие се заедно, рамо до рамо, исто како што сум јас со Зенга, Прандели, Дел Нери, Марино и Новелино. Единствениот меч кој Интер го доби со помош на судиите беше мечот со Сиена, каде јас после мечот признав дека тоа беше така, дека имаше судиска грешка. После тој ден имаше еден друг трењер (Клаудио Раниери), кој гледа што прави Мурињо, и на тој ден неговиот тим ја победи Аталанта благодарение на судиска грешка, и за прв пат овој трењер кој многу сака да го гледа Мурињо изјави - Добро тоа беше офсајд, мојот црно-бел тим не требаше да го добие овој меч!!

Жозе Мурињо - после натпреварот Интер - Рома!