
За мене тој е еден од најдобрите фудбалери на светот. Тој има доста добра сезона досега во Интер и мислам дека ќе го донесеме најдоброто од него на теренот. Јунајтед имаат доста добар дефанзивен рекорд досега, но тие не сретнале противнички напаѓач како Златан Ибрахимович.
Има доста добри фудбалери во светот. Погледнете како Меси игра за Барселона. И секако, Манчестер го има најдобриот играч за изминатата година, Кристијано Роналдо. Но кога луѓето ќе ме прашаат кој е најдобар, јас велам Ибрахимович.
За оние играчи кои се со мене јас викам дека се најдобри, тоа е начинот на кој јас работам. Кога бев во Порто секогаш викав дека Деко е најдобриот играч во светот. Кога бев во Челзи викав дека Тери е најдобриот дефанзивец, Лампард играч од средината и Дрогба напаѓач.
Секако јас го почитувам тоа што Роналдо го освои минатата година, но јас имам неверојатен играч, Златан Ибрахимович, за кого мора да се согласите дека е еден од најдобрите три напаѓачи во светот, а јас велам дека е најдобар бидејки игра за мене!
Мислам дека секоја сезона напредува. Оваа има постигнато 14 гола на 24 лигашки натпревари. Неговиот придонес во одбраната значително е подобрен. Најдоброто е што секој натпревар го игра во извонредна физичка и психичка кондиција - тој е неверојатен.
Тој е победник. Сака да освои се! Тој е доста лут кога работите не одат во правилна дирекција. Тој е играч со големи амбиции. Мислам дека еден ден неговиот миг ке дојде.
Да се освои Лигата на Шампионите со Интер ке биде прекрасна работа. Клубот ја нема освоено титулата од 1965 година, тоа е доста долго за еден така голем клуб со толку голема поддршка. Сега предизвикот е да се донесе трофејот во Милано. Но прво мора да ги елиминираме шампионите.
No comments:
Post a Comment