Биографија
Жозе Марио дос Сантош Феликс Мурињо е роден на 26 Јануари 1963 година во Сетубал. Моментално е менаџер на Италијанскиот клуб Интер од Милано.
Син на Португалскиот голман Феликс, Мурињо, започнува како играч, но набрзо преминува во менаџерските води. Во 1990 година му станува помошник тренер на Боби Робсон, притоа работејќи со него во Спортинг, Порто и Барселона.
Шанса да се докаже во тренерската работа добива во 2000 година во Бенфика заменувајќи го дотогашниот тренер. Притоа Боби Робсон упатува понуда до него за асистентското место во Њукасл, но Мурињо ја одбиваа таа понуда и во 2002 година преминува во екипата на Порто. Со овој тим освојува две шампионски титули на Португалија, Уефа куп и титула во Лигата на Шампионите.
Во 2004 година преминува во екипата на Челзи, притоа станувајќи еден од најскапо платените менаџери во светот со годишна плата од 4.2 милиони фунти, кои наредната 2005 година му се зголемуваат на 5.2 милиони. Со тимот на Челзи освојува две титули првак на Англија и на два пати стигнува до полуфиналето од Лигата на Шампионите.
Во 2008 година преминува во екипата на Интер од Милано, потпишувајќи три годишен договор вреден 9 милиони евра по сезона.
Награди на клубски план
- Шампион на Португалија: 2003, 2004
- Шампион на Англија: 2005, 2006
- Уефа куп: 2003
- Лига на Шампиони: 2004
- Куп на Португалија: 2003
- Супер куп на Португалија: 2003
- ФА куп: 2007
- Супер куп на Англија: 2005
- Карлинг куп: 2005, 2007
- Супер куп на Италија: 2008
Награди на индивидуален план
- Уефа менаџер на годината: 2003, 2004
- Светски клубски магазин менаџер на годината: 2004, 2005
- BBC тренер на годината: 2005
- Премиер Лига менаџер на годината: 2005, 2006
- IFFHS менаџер на годината во светот: 2004, 2005

"Според докторот Маикон ќе може да го игра последниот меч оваа сезона за екипата на Интер, мечот на кој ќе ја славиме титулата. Не беше лесно да се дојде во Италија, но откако сум во Интер, јас сум поголем Интериста од било кој. Сакам да ги освојам трите најголеми првенства. Го направив тоа со Челзи, ќе се обидам да го направам тоа со Интер и на крајот следува Шпанија. За мене Фергусон е шеф на сите тренери во светот. Тој има 68 години и има освоено две Лига на Шампиони. Јас имам 45 и имам освоено една, но ќе видиме колку ќе бидат после 23 години. Има многу тренери кои го освоиле бидејќи еден клуб го освојува секоја година, но има само еден кој ја има освоено Лигата на Шампиони два пати, а загубил финале после водство од 3-0! Што се однесува до фудбалерите мислам дека Ибра ќе остане во Интер. Сантон е доста добар, неговото деби во купот на Италија беше историско! Дали беше грешка да се купи Кваресма? Ќе видиме. Во меѓувреме му овозможив да дебитира на Сантон, кој ќе биде со Италија во наредните 15 години. Дали Есиен ќе дојде? Тој е добар играч, но не знам дали Интер ќе може да го купи од Челзи. Дрогба? Тој ќе биде една година постар другата сезона. Што се однесува до Адриано, ќе разговарам со него во петок. Секој фудбалер треба да научи како да се однесува, да биде професионалец и да работи на изградба на својот имиџ. Зошто има некои кои мене не ме сакаат? Па нити Исус не бил сакан од сите! "

Португалскиот стручњак завршил факултет во Лисабон пред дваесет години, но потикнат од неговиот придонес и постигнатите резултати во фудбалот факултетот реши да го награди со титулата „Доктор“
Mr. Special One сега е Dr. Special One!, гласат насловите во англиските медиуми откако Жозе Мурињо стана доктор по фудбал. Тренерот на Интер пред 20 години дипломираше на Техничкиот факултет во Лисабон, на смерот физичка едукација и спорт. Од тогаш најверојатно не се ни појавил на факултетот, но некој се досетил дека е згодно да биде награден нивниот веројатно најславен студент. Жозе со задоволство го прифатил почесниот докторат.
„Не сум баш сигурен дека заслужувам вакво признание...“, скромно говореше Мурињо пред своите колеги, дури и невообичаено скромно ако се земе во предвид однесување по кое е карактеристичен во светот на фудбалот. Тој веќе одамна е доктор по „фудбалски комуникации“...
„Изненаден сум со ова што се случува. Веројатно факултетот се гордее со сето што сум го постигнал во мојата кариера“, додаде доктор Жозе, кого пригодно го облекоа во дипломска наметка, му доделија докторско одликување и му ја врачија шминкерската диплома.
„Никогаш во кариерата не сум работел со цел да добијам вакво признание, но убаво е да го добиеш“, кажа Мурињо.
" Многу сум задоволен од денешната победа. Секогаш сум велел дека подобро е да бидеш на првото место на табелата отколку на второ, бидејќи мислиш само на своите резултати, не размислуваш како одиграле противниците. Пред неколку недели реков дека ни требаат 29 бодови, сега тие се 20 бодови. Доста важно беше за нас да влезиме во оваа двонеделна пауза со предност од 7 бодови. Понекогаш мечот не започнува онака како што посакуваме, но денес почнавме доста добро и можевме да го затвориме мечот по само 30 минути. Реџина играа доста добро и ако го погледнеш резултатот ќе помислиш дека Цезар бил на одмор во текот на сите 90 минути, но не беше така, тој имаше неколку добри интервенции. Што се однесува до Златан, не сум баш сигурен дали неговиот напредок, односно поставувањето нов рекорд на постигнати голови во Серија А е резултат токму благодарение на мене. Мислам дека тренерот сегогаш ја има одговорноста, кога играчот игра добро и кога игра лошо. Јас не мислам дека тој треба да промени нешто за да биде ист во Лигата на Шампионите како што е во првенството. Знам дека тој има освоено доста во Италија и дека сеуште не успеал да освои во Европа. Но во Италија има 2-3 тима кои се борат за скудетото, додека во Европа има барем 10 екипи кои се навистина добри. Што се однесува до Јувентус тие немаат ништо повеќе од Интер. Тие само имаат 7 бодови помалку. Тоа е реално гледање на работите. Јуве игра како тим, Јуве губи како тим, но тие не се поголем тим од нас. Интер се тим во секој момент и токму поради тоа може да се бори во секоја ситуација. За пример, јас никогаш не сум видел тим како Интер, кој може да игра со 9 различни парови во одбраната. Интер игра добро бидејќи напорно работи, бидејќи сите играчи сакаат да одиграат добро, бидејќи нашата средина работи доста напорно. Очигледно ни недостига плејмејкер, број 10, но гледајќи од клупата морам да признаат дека тие работат доста напорно. Напаѓачите исто така вршат доста добра работа. Пред неколку месеци Балотели не и помагаше на одбраната. Денес тој го работеше токму тоа. Ние сме тим. Јуве заслужува пофалби за одличната работа која ја работат. Ние во овој момент имаме еден поен повеќе од минатата сезона. Но тоа и не е толку важно, важно е дека ни требаат уште 20 бодови. Да биде Интер поконкурентен во Лигата на Шампионите потребни ни се неколку засилувања. Ние имаме 2-3 млади играчи кои за 2-3 години ќе бидат одлични играчи. Исто така имаме група на играчи со огромна стабилност. И искрено јас сакам два правци: Едниот кој води до топ играчи и другиот кој води до подмладување на тимот. "