
После тренингот со својот тим пред натпреварот со Фиорентина, Жозе Мурињо имаше интервју со новинарите, на кое рече: "Фиорентина игра доста добро. Тие се во трка за место во Лигата на Шампионите бидејќи се доста добар тим, со добра огранизација и добар тренер. Мислам дека ова е одличен меч за нас. Јас ќе продолжам да тврдам дека сум задоволен од тимот и прикажаното на Олд Трафорд. Што се однесува до тоа што го пишуваат весниците, едноставно мора да разберите дека Мурињо со своите изјави продава доста весници. Нема да ги коментирам сите работи кои се напишани за да се зголеми нивната популарност. Како и да е, ние сега треба да го освоиме шампионатот. Мора да го освоиме ова историско скудето со кое Интер ќе се изедначи со Милан по бројот на освоените скудета. Исто така мислам и на иднината. Учам, пишувам, го спремам мојот извештај за клубот, тоа е нешто кое го започнав одамна. Потоа ќе го претставам пред Морати, Бранка и Ориали. Тоа ќе биде заеднички проект, проект на Интер. Тренерот може да изгуби се, само не професионалното достоинство. Јас нема да го изгубам моето. Два збора се доволни паметен човек да разбере. Јас ви кажав девет! На вас е редот.. "
3 comments:
Само едно прашање надвор од темата...нели Мурињо најпрвин работеше како преведувач во Барса и нз каде?
Кога беше назначен Боби Робсон за тренер во Португалија, бидејќи не знаеше Португалски побара тренер, кој ќе работи со него, а го познава добро англискиот јазик. Односно на некој начин Мурињо на почетокот беше и помошник тренер и како што викаат тие преведувач. Инаку тој му беше помошник тренер, но бидејќи беше анонимен, а беше назначен најпрво поради познавањето на Англискиот јазик, му остана и зборот преведувач.
Post a Comment