Jose Mourinho - BETTING

MKD - 141551 - TAP MOURINHO - Price: 59 den.
FINLAND - 17163 - TXT MOURINHO - Price: 1 EUR
CZECH - 9001130 - TXT MOURINHO - Price: 30 CZK
POLAND - 74240 - TXT MOURINHO - Price: 4.88 PLN
RUSSIA - 4243 - FOR MOURINHO - Price: 70 RUB
SLOVENIA - 3838 - TXT MOUR - Price: 0.99 EUR
SLOVAKIA - 7771 - TXT MOURINHO - Price: 1 EUR
SWEDEN - 72401 - TXT MOUR - Price: 10 SEK
NORWAY - 2201 - TXT MOURINHO - Price: 10 NOK
DENMARK - 1999 - TXT MOURINHO - Price: 10 DKK
ESTONIA - 15330 - TXT MOURINHO - Price: 15 EEK
LATVIA - 1897 - TXT MOURINHO - Price: 0.77 LVL
GERMANY - 89000 - TXT MOURINHO - Price: 0.99 EUR
GREECE - 54344 - TXT MOURINHO - Price: 1.23 EUR

Инфо

Започнуваме нова сезона на типови кои ќе одат преку смс порталот. Сите типови се базирани на статистика, меѓусебни натпревари и повредени играчи. Сите ќе бидат со сигурност од преку 90 %.

We are starting a new season of bets, that will be available only through sms. All tips are based on head to head games, injured players, form, etc.

Sunday, January 17, 2010

Мурињо: "Одличен натпреварувачки дух!"

Задоволен сум од враќањето на резултатот во игра, но не можам да бидам задоволен од фактот што примивме два гола. Од клупата нивниот прв пенал ми изгледаше сомнителен, но сеуште незнам зошто нивниот играч кој фаулираше при ситуација еден на еден не доби црвен картон. Немавме некаков ритам во средината, а Марио Балотели воопшто не помагаше на одбраната. Со поголем притисок можевме да постигнеме гол, но потоа следеа нивните два, после кои моите момци покажаа одличен карактер и освоивме бод. Но повторувам, работите ќе беа поинакви доколку тие добиеја црвен картон. Истото се случи кога Ето излезе сам пред голот и беше фаулиран од Гатузо. Сеуште не можам да разберам зошто во двете ситуации немаше црвен картон.

Wednesday, January 13, 2010

Мурињо типува:

Bayern - Hoffenheim TIP:1 FT:2-0
Milan - Siena TIP:1 FT:4-0
Chelsea - Sunderland TIP:1 FT:7-2
Bordeaux - Marseille TIP:1x FT:1-1

Мурињо: "Храброст и малку среќа!"


После победата над Сиена во последните неколку минути, кога натпреварот веќе беше загубен за Интер, Мурињо видно возбуден изјави:"Психички нашиот тим беше доста слаб. Технички бевме изгубени и тактички имавме огромни проблеми бидејќи нешто неверојатно се случи на полувремето. Сакав да играм со Занети во средината дијамант формација, но Станкович нагази лошо при влезот на теренот и се повреди. Морав да го ставам Арнаутович, бидејќи немав никој друг на клупата. Сиена беа подобри од нас на теренот, повеќе се движеа и ни создаваа доста проблеми. Но ние не се откажавме, покажавме карактер и го добивме мечот во последните 5 минути. За момент помислив дека на мојата серија без пораз на домашен терен која трае веќе 8 години и дојде крајот. На крајот се одлучив да го играм Самуел како напаѓач. И како што му реков на мојот претседател, среќен тренер е подобро отколку добар тренер. "

Tuesday, January 5, 2010

Мурињо: "Спремни за продолжението!"

"Не сакам паузи. Но кога веќе ги има преферирам тие да бидат кратки, како оваа. Работевме добро во Абу Даби и пријателскиот натпревар беше доста важен. Се вративме во Италија и спремни сме за утрешниот натпревар во 12.30. Горан Пандев е модерен напаѓач кој може да игра позади двајцата напаѓачи од лева и десна страна. Ќе му треба некое време да се врати во ритам, но мислам дека нема да има проблем со адаптацијата во Интер. Мислам дека утре ќе го има своето деби, но не знам колку долго. Вистина е дека сакам да се вратам во Англија. Но незнам кога ќе биде тоа. Во моментов работиме на проект и нема да заминам додека не ја завршам работата која сум ја започнал."

Monday, January 4, 2010

Мурињо: "Не отидовме во Абу Даби на одмор"


Жозе Мурињо е задоволен од прогресот на својот тим за време на зимската пауза која заврши со пријателскиот натпревар против Ал Хилал.
Остваривме добар резултат во натпревар против добар противник пред голем број на гледачи. Беше одлично искуство за нас, а исто така и за нив. Не очекува натпревар веќе во среда. Работевме доста напорно и со нетрпение го очекувам стартот на првенството. Мислам дека јас, играчите и сите во Интер ќе заминеме задоволни од Абу Даби, беше коментарот на Мурињо после натпреварот кој Интер го доби со 1-0 со голот на Милито во пресрет на мечот против Киево во среда.

Friday, April 3, 2009

Мурињо гостин во ТВ шоу!


"Според докторот Маикон ќе може да го игра последниот меч оваа сезона за екипата на Интер, мечот на кој ќе ја славиме титулата. Не беше лесно да се дојде во Италија, но откако сум во Интер, јас сум поголем Интериста од било кој. Сакам да ги освојам трите најголеми првенства. Го направив тоа со Челзи, ќе се обидам да го направам тоа со Интер и на крајот следува Шпанија. За мене Фергусон е шеф на сите тренери во светот. Тој има 68 години и има освоено две Лига на Шампиони. Јас имам 45 и имам освоено една, но ќе видиме колку ќе бидат после 23 години. Има многу тренери кои го освоиле бидејќи еден клуб го освојува секоја година, но има само еден кој ја има освоено Лигата на Шампиони два пати, а загубил финале после водство од 3-0! Што се однесува до фудбалерите мислам дека Ибра ќе остане во Интер. Сантон е доста добар, неговото деби во купот на Италија беше историско! Дали беше грешка да се купи Кваресма? Ќе видиме. Во меѓувреме му овозможив да дебитира на Сантон, кој ќе биде со Италија во наредните 15 години. Дали Есиен ќе дојде? Тој е добар играч, но не знам дали Интер ќе може да го купи од Челзи. Дрогба? Тој ќе биде една година постар другата сезона. Што се однесува до Адриано, ќе разговарам со него во петок. Секој фудбалер треба да научи како да се однесува, да биде професионалец и да работи на изградба на својот имиџ. Зошто има некои кои мене не ме сакаат? Па нити Исус не бил сакан од сите! "

Wednesday, March 25, 2009

Мурињо ја доби титулата Доктор по фудбал!


Португалскиот стручњак завршил факултет во Лисабон пред дваесет години, но потикнат од неговиот придонес и постигнатите резултати во фудбалот факултетот реши да го награди со титулата „Доктор“
Mr. Special One сега е Dr. Special One!, гласат насловите во англиските медиуми откако Жозе Мурињо стана доктор по фудбал. Тренерот на Интер пред 20 години дипломираше на Техничкиот факултет во Лисабон, на смерот физичка едукација и спорт. Од тогаш најверојатно не се ни појавил на факултетот, но некој се досетил дека е згодно да биде награден нивниот веројатно најславен студент. Жозе со задоволство го прифатил почесниот докторат.
„Не сум баш сигурен дека заслужувам вакво признание...“, скромно говореше Мурињо пред своите колеги, дури и невообичаено скромно ако се земе во предвид однесување по кое е карактеристичен во светот на фудбалот. Тој веќе одамна е доктор по „фудбалски комуникации“...
„Изненаден сум со ова што се случува. Веројатно факултетот се гордее со сето што сум го постигнал во мојата кариера“, додаде доктор Жозе, кого пригодно го облекоа во дипломска наметка, му доделија докторско одликување и му ја врачија шминкерската диплома.
„Никогаш во кариерата не сум работел со цел да добијам вакво признание, но убаво е да го добиеш“, кажа Мурињо.